Оливеира и Усман меѓу кандидатите за „ММА борец на годината“

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Чарлс Оливеира е меѓу петте номинирани за најдобар ММА борец на годината. Бразилецот е во елитното друштво на уште тројца шампиони на УФЦ и еден шампион во Белатор.

13-годишните светски ММА награди сега се отворени за фанови кои можат да гласаат во 21 категорија.

Номинирани за „Најдобар ММА борец“ се: Камару Усман, Јан Блахович, Брендан Морено, Јарослав Амосов и Чарлс Оливеира.

Кај жените наградата за „Најдобар ММА борец“ ќе ја добие едно од следниве имиња: Мекензи Дерн (УФЦ), Кајла Харисон (ПФЛ), Роуз Намахунас (УФЦ), Валентина Шевченко (УФЦ) и Манон Фиоро (УФЦ).

Меѓу другите 19 категории се „Најдобар меѓународен борец“, „Најдобар нокаут“, „Меч на годината“, „Враќање на годината“, „Тренер на годината“ и други.

Наградите се организирани од списанието „Фајтерс онли“, а доделувањето на наградите е закажано за септември.

Шампионот УФЦ во средна категорија Израел Адесања и двојната шампионка Аманда Нунеш беа избрани за „Најдобри борци“ на минатогодишната церемонија во машка и женска категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON