Бразилецот Чарлс Оливеира го совлада и Џастин Геjџи уште во првата рунда на во главната борба на УФЦ 274.
Работите не изгледаа добро за Оливеира, откако Гејџи двапати го прати на подот во првата рунда, но избегна дуел на партер, а тоа се покажа како клучна грешка. Оливеира се врати и со комбинација на бокс, колена и удари со нозете „До Брокс“ го „седна“ противникот и успеа да го задуши, по што Американецот мораше да се предаде.
Оливеира ја загуби титулата на мерењето поради 250 грама повеќе од потребната тежина, но сега има 11 победи во низа, а меѓу неговите жртви беа и Дастин Пориер, Мајкл Чендлер, Кевин Ли и Тони Фергусон. По мечот, тој прати порака до Конор Мек Грегор.
„Ова е порака до сите во категоријата, бидејќи јас сум им проблем. Погледнете ме, јас сум просветлениот, тоа е моја титула. Еј, Конор Мек Грегор, ќе дојдеш или повторно ќе избегаш“, изјави Оливеира.
#UFC274 would never thought oliveira would drop gaethje pic.twitter.com/kUHIvtpyPZ
— boomgirl🇲🇽 (@THERealBoomgirl) May 8, 2022
Во конасловната борба Карла Еспарца со поделена одлука на судиите ја победи актуелната шампионка Роуз Намахунас и ја освои титулата во сламка категорија.
Борбата се одвиваше во тактичко надмудрување во кое ниту еден борец не сакаше да ризикува. Само малку блесна во четвртата рунда, но недоволно во борбата со појасот.
И последната рунда беше многу слаба. Роуз не направи речиси ништо во текот на целиот меч и го загуби појасот.
Двајца судии пресудија во корист на Карла (49-46, 48-47), додека третиот и донесе предност на старата шампионка (48-47).
Тоа беше шеста победа во низа за Карла Еспаца.
Мајкл Чендлер го нокаутира Тони Фергусон со фантастичен преден удар со нога на почетокот на втората рунда и ја прекина серијата од два порази (Чарлс Оливеира и Џастин Гејџи).
Двајцата отворено го почнаа мечот без многу калкулации. Чендлер прв се обиде да нападне, но Фергусон со одличен контра директ го собори.
Мајкл веднаш стана и борбата продолжи на нозе. Фергусон побара нов удар, а потоа Чендлер го изненади и ја однесе борбата на партер.
Само што започна втората рунда, мечот беше завршен. Имено, Чендлер имаше преден удар во глава во стилот на Андерсон Силва, а Фергусон едноставно заспа на нозе. Тоа беше брутален нокаут.
За Ел Кукуј тоа беше четврти пораз во низа, што може да значи и крај на кариерата, барем оној во УФЦ.
Средбата Овинс Сен Про и Маурисио Руа беше реванш на мечот од 2014 година, кога Овинс го совлада Шогун за нешто повеќе од половина минута.
Сент Про исто така беше успешен и во возвратмиот меч и ја доби жестоката битка со поделена одлука на судиите.
Првите две рунди беа доста изедначени, притоа и двајцата постигнаа добри удари и никој не доби посериозна предност.
Во третата рунда Овинс делуваше посвежо, а неговите удари беа попрецизни. Еден судија му ги даде сите три рунди на Сен Про, друг бодуваше во негова корист 29-28, додека третиот судија почувствува дека Бразилецот е подобар во две рунди.
Ренди Браун го совлада и Хаос Вилијамс со поделена одлука на судиите и со тоа стигна до третата победа во низа.
Вилијамс агресивно влезе во мечот отворајќи ја борбата и во средината на рундата го собори Браун, но не успеа да ја заврши борбата. Ренди потоа го забрза темпото и ја презеде контролата со прецизни удари.
Во третата рунда Вилијамс повторно го собори противникот, но Браун уште еднаш се врати и успеа да го заврши мечот со повеќе удари. Двајца судии бодуваа во корист на Ренди, а еден беше за Хаос.
Резултати од настанот УФЦ 274:
Чарлс Оливеира – Џастин Гејџи – завр (задушување од позади), Р1 (3:22)
Карла Еспарца – Роуз Намахунас – поделена одлука (47–48, 49–46, 48–47)
Мајкл Чендлер – Тони Фергусон – КО, Р2 (0:17)
Овинс Сент Про – Маурисио Руа – поделена одлука (28–29, 29–28, 30–27)
Ренди Браун – Хаос Вилијамс – поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Воведни борби:
Франциско Триналдо – Дени Робертс – едногласна одлука (29–28, 30–27, 30–26)
Мејси Киасон – Норма Думон – поделена одлука (30-27, 28-29, 30-27)
Брендон Ројвал – Мет Шнел – завр. (гуши со гилотина), Р1 (2:14)
Благој Иванов – Маркос Рожерио де Лима – поделена одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Андре Фиаљо – Камерон ван Камп – КО, Р1 (2:35)
Трејси Кортез – Мелиса Гато едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
C.J. Вергара – Клејдсон Родригез – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Лупита Годинез – Аријане Карнелоси – едногласна одлука (30-27, 30-26, 30-26)
Џорнеј Њусон – Ферни Гарсија – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28).