„Со или без Ковид-19“ Олимписките игри во Токио ќе се одржат

Претседателот на Координативната комисија на Меѓународниот олимписки комитет за Олимписките игри во Токио, Џон Коутс во понеделникот потврди дека Олимпијадата „ќе се одржи со или без ковид“, почнувајќи од 23 јули следната година.

Во интервју за Франс Прес, Коутс истакна дека „овие ќе бидат игрите што го освоија Ковид“ и „светлината на крајот на тунелот“ по разорната пандемија. На јапонската влада е да „ги разгледа сите различни контра-мерки што ќе бидат потребни за да се одржат Игрите“, подвлече тој.

Првично, Олимписките игри во Токио требаше да се одржат помеѓу 24 јули и 9 август 2020 година, но беа одложени поради коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON