Олимпискиот шампион Шабан Трстена до европскиот првак Дејан Георгиевски: Штом си победил Русин, може да победиш секого!

Случајните работи и средби испишуваат историја и изродуваат нови идеи, а кога ќе се сретнат олмписки шампион и „свеж“ европски шампион веќе е приказна која во иднина може да се раскажува како историска.

Сето ова се случуваше пред почетокот на изборот на Спортсити на годината 2017 пред Драмскиот театар во Скопје, на манифестацијата на најдоброто од Македонија на која европскиот шампион во таеквондо Ддејан Георгиевски не беше номиниран за „најдобар“.

„Средбата се случи на паркинг. Слушнавме нешто за паркирање. Наеднаш дојде Шабан Трстена и од кола извика: „Дечки има ли место“? Веднаш го препознавме и еден од нас рече за шампиони секогаш има место“, раскажува тренерот на европскиот шампион во таеквондо Дејан Георгиевски, Дарко Костовски, додавајќи:

„Трстена излезе од колата и го забележа Дејан и му рече „Ооо, новиот шампион! Како си? добар ли си? Го праша дали на Европското првенство победил Русин. Дејан рече да и тогаш Трстена рече:

„Штом си победил Русин, може да победиш секого“!

Олимпискиот шампион во 20 минути и одржал убаво предавање за олимпизмот и му укажал на Дејан на се.

Тогаш во приказната се вклучувам и јас и ја правиме оваа исклучителна фотографија.

Трстена беше јасен и концизен:

„Дејане, за тебе завршија малдинските натпревари, отсега ќе се натпреваруваш само во сениорска конкуренција, бидејќи само така ќе влезеш во светската историја на таеквондото и на спортот. Се бројат и се запишуваат само сениорските резултати. Ова ти го кажувам од лично искуство, затоа што скокнав многу ЕП-а и СП-а за младинци, бидејќи ми беа важни само сениорските настапи, по кои до ден-денес ме познаваат и ме канат во целиот свет, а и сум влезен во многу енциклопедии“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON