Олимпискиот шампион Јалолов го предизвика Усик

Узбекистанскиот боксер Баходир Јалолов е познат по неколку работи: има избоксирано 14 меча и има исто толку победи со нокаут. Згора на сè, тој е висок два метри, двократен олимписки и светски шампион е и три пати го освојуваше Азиското првенство.

Јалолов е роден на 8 јули 1994 година, а со професионален бокс се занимава од 2018 година, последниот меч му беше во 2023 година. Досега има добиено бројни комплименти. Па така, неодамна, Боб Арум го пофали и рече дека лесно може да стане крал во тешка категорија. Изгледа дека триесетгодишниот боксер премногу се возбуди поради оваа изјава, па го предизвика Александр Усик.

Узбекистанецот смета дека му требаат само два месеци да се подготви за Украинецот, кој е и олимписки шампион.

„Да ми дадат два-три месеци, ќе се подготвам за Усик. Интересно ми е како ја споредуваат мојата сила со онаа на Усик и на Џошуа, бидејќи и тие се олимписки шампиони. Тие постигнаа голем успех и во професионалниот спорт. Ова е голема шанса за мене да се вратам во професионалниот спорт. Завршив со аматерите. Сега сум фокусиран само на професионалната кариера и подготвен сум за најсилните натпревари. Секогаш имам почит кон сите мои противници. Подготвен сум да се борам и ќе покажам сè во рингот. Подготвен сум и чекам големи борби. Мојата цел е само да се борам против шампионот – нема други опции“, изјави Јалолов за Ринг.

Неговата идеја може да пропадне поради изјавата на Украинецот, кој го најави своето повлекување. Имено, Усик сака да се бори само уште два пати до крајот на  професионалната кариера и потоа да се пензионира, бидејќи веќе има 38 години.

Во досегашната кариера има освоено олимписко злато во Лондон во 2012 година, стана светски шампион во 2011 година во Баку, а во 2009 година беше трет во Милано на тоа натпреварување. Во рингот влезе 23 пати и оставри толку победи, а 14 пати го направи тоа со нокаут.

Од друга страна, Јалолов има навистина забележителни резултати: освои златни медали на Игрите во Токио (2021) и во Париз (2024), а на светските првенства беше трет во 2015 година, а прв во 2019 и во 2023 година. Го освои и Азиското првенство, освојувајќи злато во 2017, 2021 и во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON