Олимписките легенди Русевски, Пузовиќ, Качар и Реџеповски во Куманово

Во Куманово се собраа освојувачи на 2 сребрени и 2 бронзени олимписки медали во бокс.

Легендите Аце Русевски, Мирко Пузовиќ, Тадија Качар и Реџеп Реџеповски денес се собраа во Куманово по повод Меморијалниот меѓуанроден турнир „Мирослав Петровиќ“.

Аце Русевски го освои бронзениот медал на Олимписките игри 1976 година во Монтреал, Канада, а Тадија Качар – сребрен медал. Реџеп Рџеповски се закити со сребрениот медал на Олимпијадата во Лос Аџелес 1984 година во САД, додека Мирко Пузовиќ го освои бронзениот.

Во тек е промоцијата на книгата „Легендите на југословенскиот бокс“, а овие легенди се дел од овој настан.

Овие боксери имат освоено 4 олимписки медали, 3 светски и 5 европски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON