Олимпија прва во екипен пласман на меѓународниот турнир во борење во Трикала, Грција

Борачите и борачките на Олимпија го освоија првото место во екипен пласман на меѓународниот турнир во Трикала, Грција. БК Олимпија го освои првото место во екипниот пласман за девојки и второ место за момчиња, што е огромно достигнување за тимот на Олимпија од Штип.

Поединечен пласман:

61 кг Андреа Нисева во У-17 – златен медал, 3 победи
57 кг Анастасија Трајчева – бронзен, 2 победи и 1 пораз
Марија Нисева У-13 – сребрен, 3 победи и 1 пораза

У-15 машки
57 кг Дарко Коцев – сребрен, 3 победи и 1 пораз
62 кг Лука Николов – сребрен, 3 победи и 1 пораз
68 кг Филип Тодоров – сребрен, 4 победи и 1 пораз

На турнирот учествуваа борачи од Грција, Романија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Молдавија, Таџикистан, Словачка со над 25о борачи во трите стила.

„Се гордееме што нашите борци. Го покажаа својот талент и посветеност на меѓународниот турнир во борење. Честитки до сите натпреварувачи и голема благодарност до нашите млади шампиони за нивниот труд и успех“, велат од Олимпија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО