Олимпија поднесе барање за влез во Боречката федерација на Македонија, а Андреа Нисева да ги брани боите нашата земја

Матичниот клуб на европската медалистка и трикратната шампионка на Балканот Андреа Нисева, Олимпија од Штип, денес официјално поднесе барање до Боречката федерација на Македонија да влезe во натпреварувачката 2025 година и да настапува на официјалните турнири во Македонија, а Нисева да ги брани боите на Македонија.

„Андреа Нисева и нејзините клупски другарти веќе ги почнаа подготовките за Европското кадетско (У-17) првенство кое ќе се одржи во Скопје во 2025 година. Од ова ЕП се очекуваат повеќе медали. Сметаме дека тоа е мотив повеќе да се популаризира и да има поголем масовност во боречкиот спорт кај помладите.

Инаку овој викенд Олимпија настапува на турнир во Приштина-Косово, а наредниот викенд во Грција.

Во ноември имаме подготовки во Едерне, Турција, па турнир во Белград и во декември базични подготовки во Тетевен-Бугарија. Со овие базични подготовки Олимпија ја завршува 2024 година“, изјави тренерот Гордан Николов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО