На меѓународниот турнир „Ментаз Алајбегу“ во Приштина, Косово, борачите и борачките на Олимпија или, како што велат од клубот, петмината мускетари, освоија четири медали – 2 златни и 2 бронзени.
Златни медали Андреа Нисева и Кирил Сичков, а бронзи Вирџил Османов и Давид Миленовски, додека титулата за најодбар техничар и најдобар странски борач и припадна на Андреа Нисева“.
Домашниот клуб изразил желба за продолжување на соработката со Олимпија на ниво на клубови во форма на тренинг кампови, нешто што од штипскиот клуб прифатено.