Олимпија е на добар пат во развојот на борачите кои се закитија со четири одличја на Блаканското првенство

Олимпија на Балканското првенство во Скопје покажа дека е на добар пат во развојот на овој спорт чии борачи освоија четири медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 борнзени, за две репрезентации и два клуба.

Екипата е предводена од најголемиот мотиватор борачката Андреа Нисева која по трети пат стана балкански шампион.

Да потсетиме дека првата балканска титула ја освои во Романија (46 кг), потоа на 54 кг во Серез-Грција и на 62 кг сега во Скопје. Нисева е медалист од Европското првенство во Унгарија (54 кг).

Сребрен медал освои Александар Миланов (70 кг), Анастасија Трајчева и Филип Тодоров борнзи. Миланов и Трајчева се регистрирани за Вардар, а Тодоров за Чаир.

„Ова е голем мотив за тренерите Горан Николов, Кире Нисев и Методи Сичков, како и претеседателот Марјан Атанасов да се работи во БК Олимпија со поголем мотив и да се насочуваат младите спортисти на вистински вредности“, велат од Олимпија и ќе нагласиме дека Андреа настапува за репрезентацијата на Бугарија, а другите борачи за Вардар и Чаир поради суспензијата на клубот која од неразбирливи прични се уште не е симната.

„Најизненадувачки беше на прогласувањето на победниците во категоријата до 62 кг каде што Андреа Нисева стана по трети пат балкански шампион, бидејќи медалите ги додели претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов. Така ја запозна сограѓанката Андреа Нисева кој е репрезантативец на соседна Бугарија и ги брани боите на оваа држава. Инаку, таа е една од најталетираните спортисти на штипското борење“, вели Методи Сичков од Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON