Моментално најдобриот боксер во тешка категорија Александр Усик се подготвува за реванш против Тајсон Фјури, кој треба да се одржи во декември.
Во средината на мај непоразениот украински борец во мечот за апсолутен светски шампион со поделена одлука го победи Кралот на Ромите.
Усик пред неколку недели ја ослободи титулата на ИБФ, која сега му припадна на Даниел Дубоа, за во реваншот да не бидат сите светски шампионски појаси на маса.
Украинецот во кариерата забележа 22 победи, од кои 14 со нокаут.
Два пати се бореше против Ентони Џошуа, потоа со Даниел Дубоа, Дерек Чисора, Тони Белју, а кога неодамна го прашаа кој му ја пружил најтешката борба, не размислуваше долго – Тајсон Фјури.
„Таа борба е дефинитивно на прво место. Мечот против Фјури беше најпребирливата борба за мене. Прв по тежина, страст, емоции, во се“, рече Александар Усик и истакна дека мајка му сака тој да ја заврши кариерата:
„Мајка ми ми го кажува ова по секоја борба, загрижена е, плаче… Но, има пат што треба да го поминам. Ја сакам неверојатно и знам колку беше тажна кога бев болен или имав некои проблеми. Јас сум на мисија што треба да ја завршам и не можам туку така да заминам“.