Олег Татарков: Татко му на Хабиб е вехабистички екстремист

Олег Тактаров е навреден од Абдулманап Нурмагомедов, затоа што не го признава како прв шампион во историјата на УФЦ. Тактаров успеа да победи на УФЦ 6 во 1995 година, откако победи тројца противници во една вечер. Олег стана шампион и не е среќен што луѓето го слушаат таткото на Хабиб кој негира дека Тактаров е првиот шампион во УФЦ од Русија.

52-годишниот ветеран го критикуваше Абдулманап и изјави дека тој проповеда вахабизам, што е ултра конзервативно движење за реформи во сунитскиот ислам од 18 век и доминантна форма на исламот на Арапскиот Полуостров.

„Каде ја гледате дека Хабиб е првиот шампион од Русија во УФЦ? Дозволете ми да ви раскажам една историја. Првиот шампионат го освои Ројс Греси. Потоа уште еднаш го освои. Третиот шампионат му припадна на Стив Џенам, затоа што сите останати беа повредени. Ден Северн го освои следниот. Јас го освоив 6-то издание. Каде гледате некој друг? Тоа се случи во 1995 година. Ова е историја, како ќе ја преработите?

Како ќе ја поправите? Ако вехабист од Цумадинскиот регион го кажува тоа, зошто сите глупаци треба да го повторуваат? Тој самиот не го повторува тоа, а вие, како мајмуни го повторувате. Станав шампион на УФЦ 6, откако победив тројца во една вечер. Замислете како е да се добијат две борби, а потоа да ја сочувате силата за 3-тата. Разликата во килограми меѓу двајцата борци може да биде неверојатна. Може да сум 90 килограми, а противникот да е 120 кг.

Неодамна прочитав како некои „експерти“ велат дека Олег Тактаров не бил првиот шампион во УФЦ од Русија. Што значи УФЦ? Тоа значи The Ultimate Fighting Championship, и кој ќе победи на турнирот е шампион. Вистинските првенства завршија во 90-тите години. Сега прават само по една борба. Таткото на Хабиб е типичен „планинец“ и кога ќе дојде силна војска едноставно се кријат во планините и исчезнуваат“, рече Олег Татарков.

https://www.instagram.com/p/B-7Hnpuqls6/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON