Олег Тактаров смета дека борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи е наместена. Минатиот месец видовме битка за обединување на титулите во лесна категорија УФЦ помеѓу двајцата борци во Абу Даби.
Многумина очекуваа дека Гејџи ќе се пресмета и ќе му создаде многу проблеми на Хабиб. Сепак, тоа не се случи и Нурмагомедов лесно мина преку својот противник и го победи во втората рунда, по што објави дека се повлекува од ММА.
Тактаров (53), познат како „Руска мечка“, верува дека Али Абделазиз замешал прсти во местењето на борбата, затоа што тој е менаџер на Хабиб и на Гејџи.
„Беше јасно дека борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи беше наместена. Ова е нормално. Добро се снајде, заработи пари, што е уште подобро. Добро беше што победи со завршница.
Тоа беше порака до младите, покажувајќи им дека треба да се борат повеќе и да бидат помалку сурови. Хабиб ја заврши кариерата и ќе престане со здравиот тренинг. Само ќе остане во форма. На крајот заработи пари и јас сум среќен за него“, рече Олег, кој се бореше во УФЦ во 90-тите години и го освои турнирот во тешка категорија.