На Олимписките игри се поделени првите медали во џудо.
Златните медали и припаднаа на Беслан Мудранов (-60 кг) од Русија и Паула Парето (-48 кг) од Аргентина.
Победата на Мудранов дојде само два дена откако руските натпреварувачи во џудо добија официјално дозвола да учествуваат во Рио.
„Да имаме олимписка титула уште на првиот ден на Игрите значи многу за мојата земја. Убеден сум дека ова не е првото злато кое ќе го освоиме“, изјави Мудранов.
Русинот кој освои првата титула за неговата земја во Рио, планира да учествува и на следната Олимпијада во Токио во 2020 година.
60 kg
- MUDRANOV, Beslan (RUS)
- SMETOV, Yeldos (KAZ)
- TAKATO, Naohisa (JPN)
- UROZBOEV, Diyorbek (UZB)
48 kg
- PARETO, Paula (ARG)
- JEONG, Bokyeong (KOR)
- GALBADRAKH, Otgontsetseg (KAZ)
- KONDO, Ami (JPN)