ОИ 2016: На бранителката на златниот медал во текот на мечот и била скршена раката (ВИДЕО)

dzudo krsenje raka na OI 2016

Бранителката на златниот олимписки медал во џудо во категоријата 48 килограми, Сара Менезес, се здоби со скршеница на раката во репасажот.

Бразилката (26 г.) се бореше со Уранцецег Мунхабат. Моноголката во борбата за златен бод ја фрли Менезес и и направи лост на раката. Бразилката се обиде да се сврти и се чини дека во тој момент дојде кршење на раката, по што веднаш тапкаше.

Златниот медал во оваа категорија отиде кај Аргентинката Паула Парето со победа над Корејката Бокјеонг Џеонг.

Овде може да го погледнете видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON