Денес се одржа мерењето за првата европска приредба на американската ММА промоција НААФС, чии мечеви се утре во Сплит, Хрватска, а Македонија ќе ја претставуваат браќата Марјан и Никола Ангелески од Охрид.
Марјан и Никола ќе настапат во К-1 во категориите до 92 и 66 килограми. Марјан ќе се сретне со Тони Ќатиповиќ, а брат му Никола со Лука Томиќ.
Неодамна Марјан Агелески на Фајт најт чемпион 3 во Велес извојува ефектна победа со нокаут во првите секунди од борбата против Викиќ.
Главна борба на вечерта ќе биде меѓу Полјакот Давид Блазиак, кој имаше 96 кг, односно 1,6 кг беше потежок од Стипе Бекавац, кој имаше 94,4 кг.
Ipon.mk/В.Д.