Магомед Анкалаев направи сериозен скок на ранг-листата во полутешка категорија на УФЦ.
Ова се должи на неговата победа над Никита Крилов на главниот меч на настанот УФЦ Фајт најт 186, што се одржа минатиот викенд.
28-годишниот Дагестанец напредуваше за четири позиции и од денес е седми.
Другите смени во првите 15 се токму поради искачувањето на Анкалаев. Крилов, кој го загуби судирот, падна за едно место и сега е број 9.
По една позиција паднаа и Волкан Оездемир и Џони Вокер и од денес се на 8-то и 10-то место, а Миша Циркунов испадна од првите 10 и сега е на 11-то место.
Прв, по шампионот Јан Блахович, е Гловер Тешеира. По него е Тијаго Сантос, а топ 3 го комплетира Доминик Рејес.