Сефот во кој биле чувана готовина од над милион јени на Музеј на нинџа кланот Ига во префектурата Мие, во централна Јапонија бил ограбен деновиве.
Како што пренесе новинската агенција Kyodo во четвртокот, во сефот во службените простории на музејот имало повеќе од милион јени, односно речиси 10.000 американски долари. Полицијата пристигнала во музејот откако се активирал безбедносниот аларм, но на самото место успеала да констатира само обиена канцеларија на музејот во која го немала сегот кој тежел 150 килограми.
Во неделата музејот бил затворенн, а во сефот останале парите собрани од влезници во текот на викендот, кога го посетиле околу 1.100 посетители.
Кланот на нинџа школата Ига е еден од најпознатите во историјата на феудална Јапонија, задно со кланото Кока во соседната префектура Сига. Во музејот се чуваат предмети од традиционалната облека на нинџа борците и нивната борбена опрема, меѓу кои и „шурикени“, оружје кое се носело скриено во форма на ѕвезда, игли, бодеже или мечеви, а за посетителиет се организираат демонстрациски претстави и тренизни.