Официјално: Флојд Мејведер влегува во Ризин за Нова година

Флојд Мејведер ќе се сретне со непоразениот кикбоксе Теншин Насуаква (27-0) во грандиозен дуел на Ризин. Оваа сензационална вест на прес-конференција ја соопшти претседателот на Ризин Нобујуки Сакакибара.

Се уште е нејасно дали нивната средба ќе биде според правилата за бокс или кик бокс. Исто така не е јасно во која категорија ќе се борат двата натпреварувачи.

Теншин последната победа ја постигна против Кјоџи Хоргучи на главниот настан Ризин 13 на крајот од септември. Флојд последен пат собра над 100 милиони долари од средбата со УФЦ ѕвездата Конор Мек Грегор.

Мејведер претстојната средба ја нарече развој на својот бизнис во Јапонија.

„Сакам да продолжам да ги градам врските со Мани тим Токио. Сакам да дојдам тука и да донесам со себе други борци, за да продолжи да расте мојата компанија. Тоа добро ќе се одрази и на Ризин. Сакам да продолжам да работам со нив, бидејќи се неверојатни. Мојата компанија организира навистина сериозни средби во САД, но сакаме да ги рашириме Мејведер промоцијата и ТМТ во целиот свет. И, ако за целта, треба да работам со такви неверојатни луѓе – нема грижи“.

„Моравме многу брзо да се запознаеме, но со одличен професионализам“, коментираше Брет Џонсон од ОНЕ Ентертејмнт, кој, според Мејуведер, е клучот за договорот. „Не можам да дочекам да продолжам да работиме заедно, бидејќи времето продолжува“.

„Никој досега не го поразил мојот противник и сакам да бидам првиот што ќе го направи овој чекор”, рече Теншин. „Мојот удар може да ја смени приказната и да го докаже тоа – да види што се случува“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON