Борбата во лесна категорија меѓу Метју Гамро и Џереми Стивенс е официјализирана. Тие ќе се борат на УФЦ Фајт најт 191 на 17 јули.
Стивенс е ветеран со учинок од 28-18-1 во ММА. Тој е во серија од 4 последователни порази и победата е задолжителна доколку инсистира да остане во УФЦ. Џереми нема победа во последните 5 борби во УФЦ. Тој нема победа над 3 години и завршил 21 од неговите мечеви. Во шест од поразите Стивенс паѓа со завршница. Последен пат загуби од Катер со нокаут пред една година во перо категорија.
Гамро, пак, има учинок 18-1 во ММА и доаѓа по победата над Холцман, која ја забележа во април годинава. Матеуш е поранешен двоен шампион на КСВ и го загуби статусот на непоразен на контроверзна одлука на судиите од Кутателадѕе кон крајот на минатата година. Гамро во 10 борби славеше со завршница.
Official! 📝@LiLHeathenMMA vs @Gamer_MMA is signed for July 17! pic.twitter.com/qL9DiFTtJo
— UFC Europe (@UFCEurope) June 7, 2021