Ентони Џошуа (27-3) и Френсис Нгану (0-1) официјално се предводници на боксерската гала Нокаут хаос во Саудиска Арабија на 8 март. Денеска беше претставена борбената карта од организаторите.
Конасловната борба ќе биде меѓу Жилеј Жанг (26-1-1) и Џозеф Паркер (34-3) за привремената титула на ВБО во тешка категорија.
Пред нив Реј Варгас (36-1) ќе ја брани титулата на ВБЦ во перо категорија против Ник Бел (19-0).
Четвртата најавена средба ќе биде Марк Чембрлен (14-0) – Гевин Гвин (17-2-1) во лесна категорија.
Во подготвителните мечеви ќе учествуваат Џек Мекган (9-0-1) во супервелтер, Роман Фјури (3-0) во полутешка, Зијад Алмајуф (4-0) во суперлесна и Џастин Хани (8-0) во тешка категорија. Сепак, тие ќе бараат противници во наредните денови и недели.