Предизвикувачтот во тешка категорија на Светската боксерска организација (ВБО) Џо Џојс ќе се соочи со поранешниот носител на појасот Џозеф Паркер. Битката официјално е најавена од промоторот Френк Ворен помеѓу гала битките Тајсон Фјури – Дилиен Вајт.
Паркер беше спаринг партнер на светскиот шампион и сега може да се концентрира на сопствениот тренинг камп.
„Преговорите се водат веќе некое време и речиси се е подготвено. Сакам да се соочам со Џојс, отсекогаш сум сакал да се борам со него. Неговата желба е иста“, изјави Џозеф Паркер на стадионот „Вембли“.
„Едвај го чекам овој судир. Ова ќе биде една од најдобрите битки во моментов што може да се организира во тешка категорија“, изјави Џо Џојс.
Моментално се прв и втор на рангирањето на организацијата.
Победникот станува официјален предизвикиувач за појасот на Александар Усик или Ентони Џошуа, во зависност од тоа кој ќе победи во реваншот.
За време на коментаторската емисија беа споделени повеќе информации дека битката ќе се одржи во јули на стадионот. Повеќе информации за точниот датум и локација се очекуваат наскоро.