Главните ѕвезди на УФЦ 213 го одработија отворениот тренинг за навивачите во Лас Вегас. Сите четворица импресионираа со формата, но Јоел Ромеро овој пат беше на едно друго ниво. Кубанецот никогаш не изгледал вака свежо, силен и мотивиран.
Ромеро е познат како голем спортист, но вака никогаш не изгледал. Сите истегнувања, превртувања и удари ги работеше со неверојатна леснотија, како да не во прашање борец од лесна категорија, а не еден среднист со неверојатна физичка конституција. Мотивирани како и никогаш во неговата кариера и немаи сомнение дека Роберт Витакер би морал подеднакво да биде фокусиран, доколку сака да го загрози и совлада, однсно да му го нанесе првиот пораз во неговата УФЦ кариера.
Витакер на тренингот ги презентираше неговите две најсилни карактеристики. Технички одличен бокс и брзина која е сигурно најголема во категоријата. Токму тоа се карактеристиките со кои ќе ја бара предноста со цел да ја освои привремената шампионска титула на УФЦ.
Физички ништо помалку импресивна од Ромеро не е Аманда Нунес, а Валентина Шевченко своето ќе си го бара преку технички предности, бидејќи со физичката градба не може да и парира шампионката. Впрочем, погледнете како сето тоа изгледаше.
.