Традиционалниот меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој-2020“ е одложен.
„Поради моменталната состојба со Ковид-19 и актуелните мерки кои се на сила во Македонија, управниот одбор на Џудо клубот Сеишин од Прилеп на седницата одржана на 01.10.2020 година донесе одлука, според која, се одложува одржувањето на 12. Меѓународен традиционален турнир во Џудо „Прилеп Град Херој-2020““, истакнуваат од Сеишин.
Според календарот, турнирот требаше да се одржи на 11 октомври.