Најголемата кик бокс организација во светот Глори објави дека го откажуваат настанот Глори 78: Бадр против Бени, закажан за 20 јуни во Ротердам.
Во моментов, во многу земји во светот има строги мерки заради коронавирусот кои вклучуваат домашен карантин, социјална дистанца и забрана за јавни собири. Овие мерки остануваат на сила и во Холандија, што е основа за отакажувањето на настанот на Глори.
Веќе купените билети за настанот ќе останат валидни за следниот датум, а навивачите кои моментално бараат влезници за Глори 78: Бадр против Бени ќе добијат пром-код, кој може да се искористи за да се обезбеди нов билет за следниот настан. Ако не можат да присуствуваат на следниот настан, парите ќе им бидат вратени. Галавечерта требаше да биде предводена од борбата во тешка категорија меѓу Бад Хари и Бенџамин Адегбај.
https://www.instagram.com/p/B_FcDXXlVbm/?utm_source=ig_embed