Денес во Припел во ОУ „Гоце Делчев“ се одржа генерациска средба и ревијален тренинг на македонските ветерани со екс-ју легендата Душан Маринковиќ-Маре.
Беше прикажан дел од документарниот филм за Македонското карате, а беа доделени повеќе признанија на заслужни каратисти.
Маринковиќ е еден од основачите на југословенското карате, а има удел и во трасирањето на патот на каратето во Македонија. Маре, кој беше пречекан со должна почите од сите карате мајстори, доаѓа во Македонија по 40 години.
На ревијалниот тренинг тој истакна дека сега е битно како да се пренесе каратето на младите и да ја заскаат оваа вештина, за да се тргнат од улицата.
Претседателот на Унијата на карате ветерани на Македонија, Чедомир Саздовски, посочи дека до декември ќе се промовира екнциклопедијата за македонското карате „Карате во Македонија од боречка вештина до олимписки спорт“, додека за документарниот филм недостасуваат уште неколку личности.