Ретко убав нокаут ја одбележа осмата недела од предизвикувачките серии на Дана Вајт.
Настанот се одржа во раните утрински часови во четврток (по македонско време) и понуди четири борби, при што секој од победниците обезбеди постојан договор со УФЦ.
Вечерта, сепак, му припадна на 23-годишниот Чилеанец Игнасио Бахамондез, кој постигна еден од најбруталните нокаути во последно време.
Јужноамериканецот го нокаутира Едсон Гомез во втората рунда, пласирајќи неверојатен удар преднен ножен удар или со карате терминилогија мае гери директно во лицето на противник.
https://twitter.com/blue_fighting/status/1324173107553280007?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1324173107553280007%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fbrilyanten-nokaut-belyaza-pretendentskite-serii-na-dejna-uajt-video%2F
Гомез беше во несвест пред да легне на грб, а судијата на мечот веднаш интервенираше и го заврши натпреварот.
Така, Бахамондез е веќе дел од УФЦ во средна категорија, и ова беше негова втора победа во овогодинешната сезона од серијалот Челинџер.