Флојд Мејведер, пензионираниот светски шампион без пораз во неговата професионална кариера, неодамна влезе во дискусија со моментално најголемата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор. Неговата популарност ја поврза со расизамот и со тоа предизвика остра реакција кај Ирецот, кој го предизвика на борба, за да ги расчистат работите. Но, во последната изјава Мејведер за таа тема ги смири страстите.
„Никогаш не сум рекол дека Конор е… не реков ништо против белците, ниту против Ирците, само реков дека расизмот се уште постои во овој свет. Ако тој се навредил, тоа е живот “, рече Мејведер.
Да потсетиме, шампионот на УФЦ го предизвика шампион боксерскиот првак на пресметка, откако Мејведер изјави дека големата популарност на Ирецот се должи на се уште присустниот расизам, бидејќи светот му се восхитува на Мек Грегор поради неговиот валкан речник, со кој си ја зголемува популарноста, додека на него, кога го правеше истото, му велеле дека е дрзок и арогантен.
Мек Грегор не молчеше долго време и му рече: „Јас сум Ирец. Мојот народ бил обесправени во текот на целата историја, и се уште е. Го разбирам чувството на предрасуди, тоа чувствува ми е длабоко во крвта. Моето семејство има долга историја на војување, некогаш презимето Мек Грегор било казнувано со смрт. Немој, воопшто да ме ставаш во тој контекст. Ако сакаш, можеме да организираме борба, не е проблем“.
Мек Грегор, исто така, повторно се осврна на оваа тема на неодамнешната средба со новинарите во најавата на неговата борба против Рафаел дош Ањош за титулата во лесна категорија: „Јас сум мултикултурна личност. Сите култури се дел од мене како млад Ирец. Знам дека зборуваше оти не сум таква личност, но, доведен сум во тој контекст. Тоа воопшто не ми се допадна. Некои се погребани во пустина за поситни работи“.