Одбиено берањето за виза на Садулаев! Тој е аут од Европското првенство во Словачка

Борачот Абдулрашид Садулаев ќе го пропушти Европското првенство во Словачка поради неиздавање виза. Олимпискиот шампион во борење слободен стил нема да учествува на Европското првенство во Братислава. Веста доаѓа од селекторот на руската репрезентација во борење во слободен стил, Хаџимурат Гацалов.

Европското ќе се одржи од 7 до 13 април во Братислава. Во април 2023 година Обединетото светско борење (UWW/ ОСБ) им дозволи на Русите и Белорусите да учествуваат на турнири со неутрален статус, во согласност со препораките на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Причината за недавањето на виза се уште е нејпозната. На местото на Абдулрашид ќе дојде Магомед Курбанов.

„На Садулаев му беше откажана визата без да ја објаснат причината. Можно е да влезе во Србија и Албанија, но со Шенген зоната ова е проблематично. Можеме само да ги нагаѓаме причините за ваквата одлука, но факт е дека има проблем и ќе го решиме. На ова Европско првенство Садулаев ќе биде заменет со Магомед Курбанов“, рече Гацалов.

Садулаев има 28 години, тој е олимписки шампион на игрите во 2016 и 2020 година, шесткратен светски шампион и четирикратен европски шампион. Пратеничката во Државната дума Светлана Журова го коментираше неиздавањето виза на Садулаев. Таа верува дека веројатно не му даваат виза бидејќи се загрижени дека ќе го освои златото.

„Порано имаше слични случаи кога на нашите спортисти не им беа издавани визи од непознати причини. Тоа изгледаше како обид за заплашување или создавање дополнителни тешкотии. Сега е потешко да се префрли вината на Русија. Сите документи се во рацете на странските власти.

Европската унија може да донесе одлуки за суспензија на спортисти врз основа на различни фактори, од политички размислувања до прекршување на правилата. Не смее да се даде виза на спортист кој може да освои медал. Секоја земја може да не издаде виза на државјанин на друга земја од свои причини, често без објаснување“, рече Журова.

Очигледно Садулаев не е добредојден во Словачка. Тој е голем фаворит за освојување на златото, а тоа веројатно не им одговара на многу луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON