Најголемата светска ММА организација објави уште едно видео во кое потсетуваат кого го сметаат за најголем УФЦ борец на сите времиња – Џон Џонс.
Актуелниот шампион во тешка категорија моментално е трет на ранг-листата на УФЦ „паунд фор паунд“. Боунс го имаше последниот меч во март 2023 година кога со прекин по две минути го победи Сирил Гане.
Џонс минатата година требаше да ја брани титулата против најголемиот тешкаш во историјата на промоцијата Стипе Миочиќ, но поради повреда мораше да го откаже настапот.
Борбата меѓу Џонс и Миочиќ е најавена за 16 ноември во Медисон сквер гарден, но се уште нема официјална потврда.
Пристигна видео од УФЦ кое ги вклучува најдобрите моменти од кариерата на Џонс со импресивна статистика – 15 победи во борбите за титулата, осум победи против шампиони и најмногу победи (20) во историјата на УФЦ во полутешка категорија.
No way Dana White just ran an ad on the #DWCS broadcast calling Jon Jones the GOAT 😭😭😭#UFC #MMAhttps://t.co/18820mS3Iy
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 4, 2024