Британскиот тешкаш Дерек Чисора би можел да се најде во борбата за светската титула во својот 50. професионален меч, а како што веќе подолго време го кажува последен во кариерата.
Имено, од ИБФ велат дека би можеле да му наредат на шампионот Даниел Дубоа (22-2, 21 КО) да ја одбрани титулата летово против второпласираниот Чисора (36-13, 23 КО).
„Дерек Чисора е задолжителен предизвикувач на Даниел Дубоа, а таа борба треба да биде закажана за 22 април. Но бидејќи нема доволно време, на Дубоа може да му се нареди да ја договори одбраната на појасот до 21 јуни“, изјави портпаролот на ИБФ.
Мартин Баколе и Ефе Ајагба требаше да се борат за местото за задолжителен предизвикувач на ИБФ, но со оглед на тоа што Конгоанецот неодамна влезе како замена за да се бори со Џозеф Паркер за привремената титула на ВБО во тешка категорија, нивниот меч на 3 мај го загуби тој статус.
Но, во боксерските кругови сè уште веруваат дека Дубоа ќе бара обединување на титулата и меч против Александар Усиков, кој ги има шампионските појаси на ВБА, ВБО и ВБЦ.
Во тој случај, борбата со Усика би имала приоритет пред задолжителната одбрана на титулата на ИБФ против Чисора.
„Ако Даниел Дубоа сака меч за обединување на титулата, тогаш таа борба ќе има предност пред секоја друга борба“, додаде портпаролот на ИБФ.
Чисора (41) минатиот месец ја имаше 49. борба во кариерата во која со едногласна одлука го победи Ото Валин.
Минатиот септември на Вембли Дубоа го нокаутира Ентони Џошуа во петтата рунда, а на 22 февруари во Ријад требаше да ја брани титулата на ИБФ против Џозеф Паркер, но поради болест ја откажа борбата само два дена пред настанот.
Како замена влезе Мартин Баколе, кој загуби со нокаут во втората рунда од големиот Новозеландец.