Обожавателот на Мек Грегор раскажа како се случил инциденот со едно ама

Конор Мек Грегор беше уапсен од полицијата во Мајами по инциденот пред еден ноќен клуб во Мајами. Ирецот беше агресивен спрема еден фан кој се нашол на лице место, односно обвинет е за непотребно покажување на агресија и нанесување на стрес. Мек Грегор му го земал телефонот на фанот кој сакал да го фотографира и му го искршил опкружен од неговото обезбедување, а што точно се случило откри Ахмед Абдизарак, кој всушност е жртвата во инциденот.

„Се погоди да бидам во ист клуб со Мек Грегор. Го привлече вниманието на присутните и сакав да направам една фотографија. Во тој момент се приближи, прво ми ја пружи раката и во истата секунда ми го зграпчи телефонот и почна да го уништува. Потоа, неговото обезбедување ме опкружи и почна да ме турка, а во меѓувреме Мек Грегор го удираше телефонот, го стави во својот џеб и ми се смееше додека се упатуваше во својот џип. Откако виде што се случи, менаџерот на хотелот порача дека ќе се погрижи да го реши случајот. Не ми е гајле за телефонот, проблем ми се сите оние слики кои ги имав со мојот син и кои никогаш нема да ги вратам“, изјави Абизарак за ТМЗ спорт.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON