Обложувалниците повеќе му веруваат на Мек Грегор отколку на екс-боксерскиот шампион и последниот предизвикувач на Мејведер!

 

Откако дуелот меѓу Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер Јуниорт станува се повеверојатен така и поедини обложувалници го ставаат овој меч во својата понуда.

Сосема очекувано, Мејведер е голем фаворит во бокс пресметката со најголемата ММА ѕвезда на денешницата и коефициентот на неговата победа се движи од 1,04 – 1,14, што е, верувале или не, повисока квота од онаа што беше ставена на него во натпреварот со Андре Берт (1,02-1,03), последниот предизвикувач на Флојд и поранешен шампион во ВБЦ и ИБФ, како и носител на привремениот појас на ВБА.

Сите оние кои веруваат во ирскиот борец би можеле да заработат во лсучај тој да го шокира светот и да го совлада досега непоразениот Американец, бидејќи шансите за неговата победа се помеѓу 5,35 и 10,00.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON