Објавата за Кличко – Џошуа идната недела

entoni-dzosua-i-klicko

Дербито меѓу светскиот шампион во бокс во тешка категорија Ентони Џошуа и легендата Владимир Кличко најверојатно ќе биде официјално објавено следната недела. Ова го објави промотор на Британецот Еди Херн. Тој прецизира дека преговорите одат одлично и има уште неколку детали кои треба да бидат допрецизирани. Според првичните прогнози оваа средба треба да се одржи на 26 ноември.

„Постои веројатност мечот да го поместиме во декември, бидејќи нема многу време, за да направиме добра промоција на сличен меч“, – прецизира Еди Херн и додаде: „Располагаме со можности и датуми како 3, 10 или 17 декември. Потребно е да се најде и слободна сала, која ќе прифати ваков натпревар. Најважно е дека и Владимир, и Ентони сакаат оваа средба да се случи“.

Херн додаде дека преговорите за мечот со Џозеф Паркер исто така не се сопрени. Новозеландецот е официјален кандидат за појасот на Меѓународната боксерска федерација, каде што шампион е Џошуа. Пред него има опција да ја нападне и титулата на Светската боксерска организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON