Американскиот борец во бантам категорија на УФЦ, Шон О’Мели зборува за Конор Мек Грегор.
„Шугар“ е голем фан на суперѕвездата на УФЦ. Шон вели дека сè се менува кога „Озлогласениот“ е во игра. Поранешниот двократен шампион има големо влијание, а се е поинаку кога ќе се вклучи на прес-конференција или на вагата.
О’Мели вели дека и тој сонувал да се издигне како Ирецот. Пред извесно време Конор и Шон се видоа во живо и си разменија приказни. О’Мели често велеше дека ќе стане познат како Мек Грегор, но досега не можеше да му се доближи по слава и достигнувања.
„Се сеќавам кога Конор се засили. Го сакав истото. Сакав да се впуштам во спортот и да успеам. Конор направи. Искрено, ми недостига Мек Грегор. Овој задник го однесе спортот на следното ниво.
Се чувствувате поинаку кога тој е наоколу – на прес-конференција или на вагата. Сè се менува“, рече О’Мели на својот Јутјуб канал.
Нема сомнеж дека се се менува кога Мек Грегор ќе го објави своето враќање. Сите погледи се вперени во него, а приходите се слеваат.