Могамедгаџи Нуров во репасажот на Светското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, извојува победа во првата средба, а во втората која одлучуваше кој ќе се бори за бронзениот медал загуби.
Нашиот репрезентативец прво го совлада Мамед Ибрагимов од Казахстан со 5-2, а потоа со 0-5 е поразен од Магомед Ибрагимов од Узбекистан.
Вчера во борбата со фаворитот Абдулрашид Садулаев од Русиија загуби со 0-11, а бидејќи тој се пласира во финалето го повлече нашиот борач во репасажот.
Вечерва во Будимпешта е големата борба или како што ја нарекуваат најголемата битка во историјата борењето Садулаев – Кајл Снајдер од САД 2.
Ipon.mk