Могамедгаџи Нуров се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во борење слободен стил во Осло, Норвешка.
Нашиот борач прво го совлада Литванецот Лукас Карасаукас со 17-6, а во осминафналето Нуров славеше на Полјакот Радослав Баран 3-1.
За влез во полуфиналето Нуров ќе ги одмери силите со Кајл Снајдер кој е фаворит на мечот.
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Лукас Карасаукас (Литванија) 17-6
Могамедгаџи Нуров – Радослав Баран (Полска) 3-1
Могамедгаџи Нуров – Кајл Снајдер (САД)
Владмир Егоров (-57 кг) во репасажот е празен од Русинот Абубакар Муталиев 3-13.