Нуров против неприкосновениот Саудулаев на ЕП во Рим

Македонскиот борач кој  освои норма за Олимписките игри во Токио, Могамедгаџи Нуров немаш многу среќа со жребката на Европското првенство во борење во категоријата до 97 килограми. Нуров на шампионатот во Рим во квалификациите се среќава со единствениот и неприкосновен Абдулрашид Садулаев од Русија, со кого се бореше и на Светското првенство кога го освои бронзениот медал.

Нуров ќе се надева на репасажот, бидејќи Садулаев е најголем фаворит за европската титула.

Ниту преостанатите тројца борачи не добија нештополесни противници. Борбите почнуваат утре.

Европско првенство слободен стил:

61 кг

Владимир Егоров – Арсен Харутјунјан (Ерменија)

70 кг

Фати Вејсели – Магомедмурад Гаџиев (Полска)

97 кг

Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија)

125 кг

Бобан Данов – Игор Џијатко (Белорусија)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON