Нуров имаше прием во Агенцијата за млади и спорт

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денес ги прими освојувачот на бронзениот медал, Могамедгаџи Нуров, претседателот на Боречка федерација, Бетим Вренези и членови од стручниот штаб на борачот.

„Ова е историски момент, и прва обезбедена норма за Олимписките игри во Токио, и во таа насока сакам да изразам голема благодарност од мое име и од името на Агенцијата за млади и спорт. Во соработка со Боречката федерација обезбедивме беспрекорни услови за припремниот период, контролните натпревари, како и настап на борачите на меѓународните натпревари и сето тоа вроди со плод“, истакна Каевски.

Тој додаде дека спортот е алатка за премостување на различностите, особено во една мултиетничка средина како што е нашата.

Со освоената бронза на светско првенство, Нуров станува добитник на стипендија од светска категорија на Агенцијата за млади и спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON