Рускиот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов по победата над Едосн Барбоза синоќа во Лас Вегас на УФЦ 219 сериозно се закани на Конор Мек Грегор и Тони Фергусон.
Непоразениот Хабиб на импресивен начин и со едногласна судиска одлука славеше против Едсон Барбоза, освојувајќи ги со леснотија сите три рунди.
Русинот го демолираше еден од најдобрите борци во лесна категорија, со постојани удари, соборувања и притискања до оградата и имаше повеќе моменти во кои се чинеше дека „ќе го доврши“.
„Можев да го довршам, ама не сакав. Се немав борено повеќе од една година и сакав да ги одработам моите 15 минути“, рече Нурмагомедов и потоа ги прозива Конор Мек Грегор и Тони Фергусон, шампиони во лесна категорија.
„Можам да се борам со Конор и со Тони во иста вечер. Не се шегувам. Само дајте ми еден час да одморам и сега можам да се борам за појасот. Подготвен сум“, рече Хабиб.
https://youtu.be/bUQikh_e8sU
.