Контроверзниот Дагестанец, Хабиб Нурмагомедов, по подолг период даде изјава за борбата со Конор Мек Грегор која привлече огромно внимание од светската јавност.
На таа борба Хабиб го победи ирскиот борец и остана непоразен во октагонот.
Сега, во едно интервју Нурмагомедов беше запрашан која борба му останала во сеќавање, на што тој одговори:
„Мојата претпоследна борба, знаете сите против кого беше. На почетокот уживате во победите и тоа ви носи одредено задоволство. Во последно време не уживам толку, освен во таа една борба. Во таа борба со задоволство го претепав тој човек. Имав борби во кои знаев дека можам да го повредам противникот. Не сакав тоа да го направам, не сакав да им скршам нешто и наоѓав начин да им овозможам тапкање. Ова е брутален спорт, но никогаш немав намера да повредам некого и да му нанесам преголема болка. Повторувам, освен во една борба, -искрен беше Хабиб Нурмагомедов.