Нурмагомедов го пречека цела Махачкала – со танчерки (ВИДЕО)

Новиот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, откако изминатиов викенд во Њујорк го победи Ал Јакинта.

Враќање на Хабиб дома беше спектакуларно. Во родната Махачкала го пречекаа танчерки во народни носии, а вистинското шоу започна кога таткото на борачот почна да игра.

https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/983659341235539969

https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/983462194032578560

Инаку, таткото и негов тренер Абдулманап и понатаму има проблем со американските визи, па уште еднаш мораше да ја пропушти неговата борба. Но, судејќи според танцот, таткото е горд на својот син.

https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/983475667579932672

https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/983479984361795584

Нурмагомедов е од Дагестан, Русија, една од кавкаските републики кои се наоѓаат во составот на Руската Федерација. Исто како и во соседната Чеченија, во Дагестан населениот во поголемиот дел е од муслиманска вероисповед, а Хабиб е првиот муслимански верник кој го освоил шампионски појас на УФЦ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON