Мераб Двалишвили (18-4) и официјално е новиот светски шампион на УФЦ во бантам категорија по победата над Шон О’Мeли (18:2) во Лас Вегас. Веќе во рингот, пак, стана речиси сигурно дека следен противник ќе му биде Умар Нурмагомедов (18-0), кој беше на трибините на Сферата за да го следи настанот во живо.
„Машин“ го прашал Џо Роган за размислување на оваа тема, а тој изјави дека е подготвен да се соочи со секој што Дана Вајт ќе го стави пред него.
Русинот последен пат го совлада Кори Сандхаген (17-:5) во август и со тоа го забеонира статусот на непоразен борец. Единственото нешто што му недостига во оваа фаза е титулата, па ќе биде особено интересно да се види како ќе се судри со борец од калибарот на Мераб.