Новогодишен подарок за Андреа Нисева – ваучер од 3000 евра и спортска опрема од „Пешко теч“

Ваучер во вредност од 3 000 евра, како и комплет спортска опрема, како новогодишен подарок, доби талентираната борачка на Олимпија од Штип, Андреа Нисева.

Подарокот е од компанијата „Пешко теч” од Шведска која е во сопственост на нашиот тренер и прв човек на БК Вардар, Љубиша Пешко.

Од компанијата истакнуваат дека ова е наменски ваучер за подготовки и учество на меѓународни турнири, како и комплет „хумел“ спортска опрема.
Оваа донација на Нисева фирмата Пешко теч АБ (PESKO TECH AB, www.peskotech.se) ќе ја доделува секоја година до Олимписките игри 2028 година.
Дали се навестува трансфер на Нисева од Олимија во БК Вардар?

Од Олимпија истакнуваат подарок на Андреа Нисева е заради постигнати успеси.

„Се надеваме дека ова ќе и биде поттик за уште поголем влог во борењето и остварување на најголемите успеси“, велат од Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО