Никогаш не сте слушнале дека Хабиб Нурмагомедов користи вулгарности за време на неговата кариера во УФЦ – се до сега.
Тоа се случи веднаш откако Нурмагомедов го победи Конор Мек Грегор со гушење на УФЦ 229 во октомври 2018 година. Во понеделникот УФЦ објави нова снимка од борбата во најновиот дел од својата серија „Muted“ – серија која се осврнува на борбите без коментар, со подобрен аудио од кафези и агли – кои го прикажуваат тој напнат момент.
Откако Мек Грегор тапкаши заради гушење и седна на подот, гледајќи во Нурмагомедов, тогашниот шампион во лесна категорија беше задржан од судијата Херб Дин додека тој му викаше на Мек Грегор, велејќи му: „Пи*ко, те разбив! Те разбив, курво”!
Новата снимка, како и целата епизода можете да ја погледнете во видеото погоре.
Неколку моменти по победата, Нурмагомедов го фрли штитникот за уста во правец на корнерите на Мек Грегор и го прескокна кафезот за да го нападне Дилон Данис, предизвикувајќи дива тепачка на подот на арената која се прошири назад во кафезот.
Не треба да чуди како завршија работите меѓу Нурмагомедов и Мек Грегор со оглед на личната природа на нивното ривалство пред борбата. Сепак, ова фрла дополнително светло на тоа колку работите биле интензивни.
https://www.youtube.com/watch?v=eMwWhJJ8oNE