Светската карате федерација (ВКФ/WKF) пред две недели ги објави новите карате правила каде што посебен акцент се става на катите – како ќе се бодуваат, бидејќи досега се користеше системот на кревање со знаменца (сино и црвено) на пет судии, така што многу судиски одлуки беа диксутабилни, а делителите на правда не одговораа за своите одлучувања, дури некои и не ги познаваа доволно катите.
Со воведувањето на новите правила ќе се оценуваат два елемeнта – техничката (Technical performance ) и спортската изведба ( Athletic performance). Тоа ќе се прави по електорнски пат со седум судии, при што највисоката и најниската оценка ќе се бришат како во некои други спортови, а соодносот на оценките е со коефициент 70 отсто за техничката изведба и 30 за спортската. Се формираат групи со по осум натпреварувачи, при што во наредниот круг одат првите четворица, а во финалните два прваците ќе се борат за златниот медал, додека 2 и 3 –тите за бронзените.
Во делот на борбите и машките и женските средби ќе имаат иста должина ќе траат три минути. Со оваќе се зголеми времетраењето на мечевите кај жените од две на три минути.
Правилата ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2019 година како имплементација за Олимписките игри во Токио 2020 година.
И, до тука се би било во ред. Како новинар кој се интересира за каратето и боречките спортови и контактите со многу стручни лица од овој спорт, сето ова ми личи на „веќе видено“, односно сум го сретнал некаде. Не се изалжав. Претражувајќи во бескрајното море на податоци на интренет наидов на International Scientific Congress “Applied Sports Sciences” 1-2 December 2017 во Софија, Бугарија, https://icass2017.com/ на кој со свој научен труд учествува нашиот прославен карате мајстор и научен работник Д-р Назим Куртовиќ, насловен „Quantification and evaluation of the kata performance in sports karate“кој е презентиран пред еминентни научни работници од целиот свет. Ова значи дека принципот за правилата за оценување на кати е направен многу порано, односно најмалку пред 2 години. Од друга страна, истиот труд може да се најде и на специјализираниот веб-сајт за наука и истражување www.researchgate.net кој има 15 милиони корисници, а меѓу нив се и 68 лауреати за Нобеловата награда.
ВКФ не наведува од каде дошла до ваквиот начин на бодување, но кога ќе се погледнат текстовите/ линковите ќе се види дека новите правила за оценување на КАТА натпреварувањето се продукт на нашиот карате мајстор и научен работник Д-р Назим Куртовиќ. Коректно би било од ВКФ да ги наведе изворите до кои е дојдено до ваквиот начин на оценување, затоа што ова е новитет кој досега не беше застапен во каратето.
Кога ќе се погледнат табелите се забележува дека формулата е иста и има само една мала разлика – ВКФ/WKF соодносот на оценување е коефициент 70-30%, а според Куртовиќ 60-40% кој точно наведува како дошол до ваквиот начин на бодување. Тој во својот труд наведува дека до овој начин на оценување дошол анализирајќи неколку други спортови, како уметничкото лизгање, синхронизираното пливање, гимнастиката…
Таму е презентирана формулата како треба да се врши евалуацијата на ката изведбата,
Gp = (Tp mean x Coefficient Tp) + (Аpk mean x Coefficient Apk)
GP– General Performance Tp – The average results of Technical performance, CTp– Coefficient of importance technical performance (60%), Apk- Тhe average results of Athletic performance & kinesis, CApk– Coefficient of importance athletic performance & kinesis (40%)
а во заклучокот тој ги повикува одговорните авторитети во ВКФ да гo променат методот на евалуација во правилата за Ката по теркот на погоре посочените спортови.
„We hope that this study will be an additional application for the WKF professionals responsible for creating the rules and that they will seriously consider how to objectify the very subjective and unconvincing evaluation of the katas in future. Our recommendation is that in the future, the method of evaluation in kata disciplines should follow the example of already proven indicators in sports and rhythmic gymnastics, synchronized swimming, ice skating, ski jumping and sports jumping in water“.
Дали ова може да биде случајност? Не, затоа што Д-р Назим Куртовиќ е каратист кој е 14 кратен шампион на Македонија , 5-кратен шампион, 4-кратен вицешампион и еднаш бронзен медалист на поранешна Југославија (велесила во каратето во тоа време); балкански и медитрански шампион; освојувач на 5 медали на Европските првенства и 1 на Светски куп; долгогодишен репрезентативец и капитен на кумите репрезентацијата на СФРЈ, но, исто така и селектор на репрезентациите на СФРЈ и на Македонија; еден од архитектите на стручните реформи на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) како претседател на Стручниот совет на КФМ (9 години); член на Управниот одбор , член на Директориумот, но и претседател на Комисијата за наука и спорт во Македонскиот олимписки комитет; универзитетски професор – Универзитет ФОН. Како плод на неговата научна активност заедно со неговите колеги од Комисијата за наука и спорт во рамките на Македонскиот олимписки комитет (МОК) 11 проекти од областа на спортот чекаат на реализација.
Со понуденото оставаме сами да заклучите по чиј терк се направени новите ката правила, а јас ќе си го задржам ставот дека тоа е направено по научниот труд на Д-р Куртовиќ.
Ipon.mk/В.Д.