Ерик Џејмс, новиот тренер на Ентони Џошуа, признава дека бил збунет од тактиката на британскиот боксер во неговите два порази против Aлександaр Усик.
Џошуа загуби од Усик во септември 2021 година и остана без шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, а Украинецот беше подобар и во реваншот минатата година.
Џошуа и Џејмс се здружија по два порази во низа, но многумина истакнуваат дека Еј Џеј бил многу подобар во вториот меч, но имал погрешна тактика. И Џејмс истакнува дека борбениот план бил погрешен.
Новиот тренер на Џошуа верува дека можел да го одведе Ентони до победа.
„Да, затоа што тренирам двајца левучари“, изјави Дерик Џејмс.
Двајцата борци на кои мисли Џејмс се шампионот во полусредна категорија Ерол Спенс и леснашот Френк Мартин.
Џејмс откри дека Џошуа сака да учи од Спенс додека се подготвува да се врати во рингот на 1 април против американскиот тешкаш Џермејн Френклин.
„Тие често разговараат“, рече Дерик Џејмс за односот меѓу Џошуа и Спенс, а потоа продолжи:
„Џошуа гледа кога Ерол вежба и двајцата се почитуваат. Ова е она што им треба на повеќето мажи за да стигнат до следното ниво или да го вратат она што го имале порано. Тие се надополнуваат додека тренираат заедно“.
Џошуа со години го тренираше Роб МекКрекен, а за реваншот против Усик го ангажираше Роберто Гарсија. За една година се раздели со двајцата, а сега се сврте кон Дерик Џејмс.
Џејмс изгледа верува дека може да го врати Џошуа на врвот во тешка категорија.
„Ја прифатив работата затоа што чувствувам дека можам да му помогнам. Но, не е сè до тренинзите, секогаш морам да бидам во близина за да можам да го слушам. Треба да поминуваме многу повеќе време заедно и да разговараме. Со секое наше собирање се трудиме да ги пополниме празните места“, подвлече Дерик Џејмс.