Нови поени за Олимписката ранг-листа за Мила Рељиќ по бронзата на Туркиш опен

Нови поени за Олимписката ранг-листа за Мила Рељиќ која освои бронзен медал наТуркиш опен од Г2 серијата на Светската таеквондо федерација.

Мила во првото коло беше слободна, поради одличната ранкинг позиција, во второто коло ја победи домашната натпреварувачка Румјеса Мазгал со 2-0 во рунди. Во борбата за медал Мила беше подобра од извонредната Иранка Париза Кучаксареи Жавади со 2-1 во рунди (0-0, 1-3, 10-7). Во полуфиналето поради повторна повреда на ногата која ја стекна и во Полска пред 2 недели, Мила не успеа да ги одмери силите со Американката Макајла Гринвуд.

„Сепак во конкуренција на 29 натпреварувачки во Турција, единствена земја која на последната Олимпијада имаше обезбедено А норма во сите женски категорија, ова е значаен успех“, вели тренерот Александар Ефтимов..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON