Нова војна почна меѓу Светскиот боксерски совет (ВБЦ) и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Тензијата е предизвикана од желбата на професионалците да учествуваат во квалификациите за летните Олмписки игри во Токио. За разлика од ВБЦ, Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Светската бокс организација (ВБО) го дадоа својот благослов за најголемиот спортски форум.
Светскиот боксерски совет дури објави дека сите учесници во квалификациите ќе бидат отстранети од ранг-листата и ќе добијат двегодишна забрана за настап. На ист начин, ВБЦ реагираше пред натпреварите во Рио де Жанеиро.