Нашиот репрезентативец Христијан Симоновски (-63 кг), член на ТК Младост, денес на Меѓународниот турнир од светски ранг „Балкан куп Г1“ го освои златниот медал во јуниорска конкуренција.
Во првата борба извојува убедлива победа против Артур Чимчак од Словачка 2-0 во рунди, а во втората славеше 2-1 во рунди против Мухамед Ал-Хабси од Оман, додека во финалната борба триумфираше со 2-0 во рунди против Насим Мигуел од Франција.
Христијан освои 10 нови бодови за ранг-листата за Олимписките игри.